Испечати

Печено свинско со вино

Печено свинско со вино

Состојки

  • 1 кг свинско месо
  • 1 филџан масло
  • 100 мл црно вино
  • 300 мл вода
  • сол, црн бибер, копар, вегета, мајоран

Подготовка

Од вечер, месото малку подварете го и оставете го до другиот ден така во водата поклопено со капак.

Другиот ден, исечете го на шницли со дебелина од околу еден прст. Ставете го во тава за печење и попрскајте го со маслото. Одозгора зачинете и послолете.
Налејте го виното и водата и ставете го во рерна на 250 степени. Печете додека не испари целата течност и оставете го потоа да пржи во маслото додека убаво не се испечи.
Не дека некој не знае да си испечи месо во рерна, но еве еден начин како да го спремите и да добиете убаво нетелгиво, сочно и меко месо за јадење. Доказ за тоа е што на сликата нема прилог. Додека се печеа компирите, месото ми го измезија, така, зад грб. Едвај успеав да сликам тоа што беше глобално на чинијата.