Испечати

Пита мозаик од сув леб

Пита мозаик од сув леб

Состојки

  • 400 г сув интегрален леб
  • 2 јајца
  • 150 мл јогурт
  • 150 мл кисела вода
  • 5 лажици пченичен гриз
  • 5 лажици пченкарно брашно
  • 150 мл масло
  • 1 прашок за пециво
  • 200 гр сирење
  • 200 гр маслинки
  • малку сол
  • 50 гр сусам
  • 50 гр семки од сончоглед

Подготовка

Лебот исецкајте го на коцки и малку потпечете го во тавче без масло. Јајцата изматете ги со миксер, додадете го јогуртот, маслото, киселата вода, пченкарното брашно, гризот, прашокот за пециво и матетете додека не добиете хомогена смеса. Додадете малку сол. Потпечените кубети од леб измешајте ги во изматената смеса и додадете го издробеното сирење, исецканите маслинки и семките од сончоглед. Сето тоа убаво измешајте го, ставете го во силиконски калап и наросете го со сусам. Ставете го да се пече во загрена рерна на 200 степени околу 30тина минути. Исечете ја питата на парчиња и послужете ја додека е топла со јогурт или кисело млеко. Пријатен доручек!