Испечати

Крофничиња

Крофничиња

Состојки

  • 400 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 20 лажици брашно
  • 1 прашак за пециво
  • 2 лажици шеќер
  • 2 ванили
  • 1 лажица ракија

Подготовка

Ви го пишувам оригиналниот рецепт, онака како што е прикажан од Сања, меѓутоа ќе ви кажам кои измени јас ги правам кога ги подготвувам овие прекрасни, брзи крофничиња. Наместо 400 мл јогурт, ставам 200 мл овчко кисело млеко и 200 мл вода. Брашно секогаш кога ги правам ставам повеќе, отприлика 24-25 лажици (иначе тестотот ми е многу тенко) и не ставам ракија, а тие сепак не се мрсни, не пијат масло. Во тестото ставам и рендана кора од лимон или портокал. Вие одлучете сами како ќе ги направите.

Во вангла, ставете го киселото млеко, водата, јајцето и со рачна маталка убаво изматете го. Потоа додајте ги другите состојки и убаво соединете ги.
Загрејте масло, да има доволно, крофничињата треба да пливаат, на не многу јака температура.
Со лажица црпете од тестото, јас земам половина лажица и со помош на прстот истиснете го тестото во маслото. Не ставајте наеднаш многу крофничиња да се пржат, оставете им простор да се вртат во маслото.
Кога ќе ја добијат убавата румена боја, извадете ги и ставете ги на салфетка да се исцедат.
Можете да ги извалкате или во шеќер во прав или во кристал шеќер.