Домашни тортелини со месо и пармезан
Состојки
- 600 гр брашно
- 6 јајца
- 3 лажици масло
- За полнењето
- 300 гр мелено месо
- 1 главичка кромид
- 59 гр рендан пармезан
Подготовка
Тестото за тортелините можете да го направите рачно или ако имате машина за леб, тогаш ставете ги состојките внатре и приклучете ја да го измеси убаво дваесетина минути. Како и за секоја друга домашна тестенина, тоа треба да е тврдо и мазно. Оставете го да се одмори малку време, петнаесетина минути...
Ако имате машина за кори, тогаш поминете го тестот на 3 па на 6. Ако немате тогаш исучете го најтенко што можете.
Со чаша, со големина според тоа колку сакате да ви бидат големи тортелините, сечете кругови. На секој круг ставајте на средината од смесата за филот, преклопете го кругот, а претходно со четче со вода поминете на едниот крај за кога ќе го преклопите да се залепи. Убаво стегнете го филот со тестото. Потоа краевите завртете ги и споете ги убаво да не се отвараат во варењето.
Оставете ги готовите тортелини 1 сат да се потсушат, а потоа можете да ги варите во потсолена вода со малку масло или пак да ги замрзните.
За филот, месото зачинете го, ставете од зачините, ренданиот пармезан и ренданиот кромид.