Бомбички со нутела
Состојки
- 200 гр ораси
- 200 гр бадеми
- 200 гр лешници
- 200 гр нутела
- 200 гр црна чоколада
Подготовка
1. Орасите,бадемите и лешниците се ставаат на плех во рерна, малку да се запечат.
2. Одкако се извадат и малку оладат, се мелат крупно.
3. Се става чоколадата (на коцкички) и нутелата на оган додека се растопи чоколадата.
4. Во оваа смеса се ставаат измелените орашасти плодови и убаво се меша.
5. Одкако смесата се излади, се прават топченца и се украсуваат по желба.
Ова е неверојатно вкусен десерт, доста калоричен, но затоа пак се јаде по малку и подолго време го имате за сладење.