Испечати

Шпикован црн дроб

Шпикован црн дроб

Состојки

  • 750 гр. свеж свински црн дроб
  • 3 глави лук
  • 1 страк праз
  • 150 мл. црвено вино
  • 2-3 лажичиња сенф
  • 2 ловорови листа
  • 1 голема лажица балсамико
  • по вкус сол и црн пипер
  • 3 големи лажици масло

Подготовка

Во свежиот црн дроб со помош на остар нож, исечете длабоки џебови, при тоа внимавајќи да не ја пробушите долната страна. Растојанието меѓу џебовите нека биде 2 см.
Измијте го убаво и оставете го да се потсуши или впијте го вишокот на вода со кујнска хартија.
Џебовите убаво премачкајте ги со сенф со помош на лажиче или најлесно со прсти. Наросете црн пипер и сол по вкус. Потоа џебовите наполнете ги со ситно исецканиот лук и праз.

Ставете го црниот дроб во огноотпорен сад, прелијте го со балсамико, масло и налејте го одоколу црвеното вино и додадете ги ловоровите листови.

Затворете го садот со капак, ако има,или пак со алуминиумска фолија.
Ставете го во незагреана рерна, а потоа вклучете ја на 200 степени и печете околу 40 минути.По тие 40 мин, откријте го садот, со лажица ставете од течноста врз црниот дроб и печете го така отворен уште 40 минути на 180 степени.

Пред сервирање исечете го црниот дроб со напречни линии за да изгледаат парчињата како лепеза и да се гледа полнењето.

Предлог за прилог не ви давам, изберете сами. Како идеја,течноста која ќе преостане може да ја претворите во некој вкусен сос.

Пријатен ручек!