Шпагети со грилован стек и крем сос
Состојки
- 300 гр шпагети
- 1/2 кг саламурен стек
- 250 мл неутрална павлака
- 2 зденки
- 1 чаша вода
- 1 гл кромид
- 50 гр кашкавал
- црн бибер, копар, босилек, кари
Подготовка
Сварете ги шпагетите.
Пилешкото месо, кое претходно малку сте го подвариле, исечете го на ситни парчиња и испечете го во Грил тавата. Доколку користите шампињони ставте ги и нив со месото да се гриловаат (кај нас галантно се прескокнуваат).
Тргнете го месото од тавата и ставете го кромидот предходно крупно исецкан да се потпечи малку. Потоа налејте ја павлаката и испасираните зденки. Кога малку ќе се згусни додадете ја водата и оставете уште малку да повари додека не стани повторно како крем. На крај ставете го уште ренданиот кашкавал и зачините. Промешајте додека се растопи и тргнете од оган.
Сега имате повеќе варијанти. Оваа варијанта е така што крем сосот се меша со месото и се става врз варените шпагети во чинии.
Друга варијанта и исто така вкусна е, ако немате стек а сакате вкусни и малку поинакви шпагети, сосот да го налеете врз шпагетите, убаво и енергично да измешате и потоа да сервирате во чинии.
Бон апетит!