Испечати

Виенска шницла

Виенска шницла

Состојки

  • 600 гр телешки шницли
  • 3 јајца
  • 100 гр брашно
  • 200 гр презла
  • 50 гр сусам

Подготовка

Нека ви одбере вашиот месар убаво месо за шницли.
Шницлите, преку кои ќе ставите најлон фолија, исчукајте ги од двете страни. Зачинете ги.
Загрејте го маслото (не многу жешко).
Секоја шницла најпрво ставете ја во брашното, во јајцето, па во презлата во која е ставен и сусамот. Пржете ги по три-четири минути од двете страни, да добијат убава румена боја.
Послужете ги со пире, сезонска салата и ли со прилог по ваша желба.