Испечати

Ослич со лук и вино во рерна

Ослич со лук и вино во рерна

Состојки

  • 1 кг ослич
  • 1 лажица јадра сол
  • ½ китка сецкан магдонос
  • 1 главица сецкан лук
  • 1 чаша бело вино
  • 1 филџанче вода
  • 6-7 лажици маслиново масло

Подготовка

1. На рибата и се лупи кожата, се мие и се реди во караванче.
2. Врз нив се става јадрата сол, сецканиот магдонос, сецканиот лук, белото вино, водата, маслиновото масло.
3. Се печи на 200 степени 1 час. Во текот на печењето еднаш ги превртуваме.