Арапски колач
Состојки
- 3 јајца
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша млеко
- ½ чаша масло
- 1 чаша гриз
- 1 чаша брашно
- 1 чаша кокос
- 2 ванили
- 1 пециво
- Шербет
- 3 чаши шеќер
- 1 ванила
- 2 лажици сок од лимон
Подготовка
1. Јајцата ги матиме со шеќерот. Откако ќе ги изматиме мешајќи со дрвена лажица ги додаваме млекото, маслото, гризот, брашното, кокосот, ванилите и пецивото.
2. Смесата ја ставаме во караванче број 28. печиме на 180 степени 20-25 минути.
3. Откако ќе се излади колачот го сечиме на коцки.
Шербет – во сад на оган ја ставаме водата, шеќерот и ванилата. Мешаме додека да се стопи шеќерот и оставаме да врие 10 минути. Пред вадење го додаваме сокот од лимон.
Ладниот колач го прелеваме со топлиот шербет.