Медени срца
Состојки
- 3 шољи брашно
- 1 и 1/2 шоља шеќер
- 1 и 1/2 шоља минерална вода
- 3 лажици мармалад по желба за во тестото
- 1 лажиче цимет
- 1 лажиче сода бикарбона
- по потреба мармалад за премачкување по желба
- 150-200 гр чоколадо за готвење
Подготовка
1. Најпрво се мешаат добро брашното, шеќерот и минераната вода. Одкако ќе се добие хомогена смеса се додава мармаладот (по желба) јас ставив мармалад од кајсии, потоа се додаваат циметот и сода бикарбоната.
2. Со така добро приготвената смеса се полната калапите, но внимавајте калапите полнете ги некаде околу 1/3 од самиот калап затоа што нараснуваат.
3. Се печат околу 10 мин.
4. Одкако ќе се испечат се премачкуваат со мармалад по желба и потоа се преливаат со чоколадо за готвење.
Секогаш гледајте чоколадото да се топи на пареа со малце масло, затоа што дирекно на оган или се прават грутки или брзо се стврднува.