Сарма со сецкано месо
Состојки
- 1-2 зелки
- 500 г свинско месо
- 500 г телешко месо
- 1 мало филџанче ориз
- 3 лажици црвен пипер
- ½ лажиче црн бибер
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче вегета
- 200 г пушена сланина
- 250 мл доматно пире( домата )
- 2-3 ловорови листа
- 1 говедска коцка
Подготовка
1. Месото ситно го сецкаме и го пржиме на врело масло 10-15 минути. Се трга настрана за да се подизлади.
2. Во месото го тураме оризот, 2 лажици од црвениот пипер, црниот пипер, солта и вегетата. Сето се меша.
3. Сланината ситно ја сецкаме. И неа ја додаваме во смесата.
4. Во земјена тава на дното ставаме листови зелка. Се виткаат сармите и се редат во тавата. Врз сармите ставаме листови зелка.
5. Вз сармите се тура доматата. Се ставаат ловоровите листа и 1 лажица црвен пипер. Говедската коцка ја раствораме во малку топла вода и неа ја тураме во тавата, дополнуваме со топла вода, за да се покријат сармите.
6. Тавата ја покриваме со алуминиумска фолија. Вариме во рерна на 180 степени 2,5- 3 часа. По потреба се тура топла вода.
7. 10-15 минути пред вадење ги вадиме фолијата и листовите зелка. Ја враќаме сармата да се потпечи.