Кокос бомбици со лешник
Состојки
- 500 мл. млеко
- 1 пудинг од ванила+5 лажици густин
- 150 гр.+50 гр. кокос
- 150 гр. маргарин
- 50-60 лешници(бадеми)
- 250 гр. шеќер
Подготовка
Одвојте 200 мл. млеко и во него разматете го пудингот, густинот и шеќерот. Полека сипувајте го во полека зовриеното млеко(претходно ставено на оган). Мешајте додека згусти.Оставете го да се олади 1-2 часа во фрижидер покриено со најлонска фолија да не фаќа кора.
Маргаринот изматете го пенасто со кокосот(150 гр.), додајте го пудингот и убаво миксирајте да се соединат состојките. Потоа малку зафатете го со рака. Одделувајте мали парченца правете ги во форма на топче и малку расплескајте го и ставете на средина еден лешник(бадем). Повторно убаво завиткајте го (преклопете го), да се добие форма на бомбица.Така направете со цела смеса и валкајте ги во кокос.