Чоколадни корпиња со Нутела
Состојки
- 200 гр чоколадо
- 200 гр нутела
- 85 гр маргарин
- 250-300 гр сецкани ореви
- 30 гр ситно сецкан лешник (факултативно)
Подготовка
1. На пареа мешајќи, убаво растопете ги чоколадото искршено на коцки, нутелата и маргаринот.
2. Кога ќе добиете компактен крем, тргнете го садот од оган и во него вмешајте ги сецканите ореви.
3. Со мало лажиче полнете ги до горе предходно спремените хартиени корпиња. Корпињата предходно убаво распоредете ги на рамна чинија.
4. Одозгора украсете со ситно сецкани лешници.
4. Оставете на ладно убаво да се здрват.
Оваа чоколадна посластица колку брзо се прави, уште побрзо се јади.
Ако полните во малите корпиња од оваа доза излегуваат околу 40 парчиња.