Чоколаден намаз
Состојки
- 300 мл. слатка павлака
- 150 гр.(може и повеќе) млечно чоколадо
- 100 гр. маргарин
- 5 лажици мелени бадеми(по желба)
Подготовка
Павлаката ставете ја во помал сад да се загрее на среден оган. Тргнете ја ставете го чоколадото(рендано или на коцки), маргаринот. Префрлете во сад за матење и матете со миксер се додека добиете кремаста смеса, додајте ги мелените бадеми(по желба).
Ставете ја смесата во тегла(или пластично паковање).Ставете ја теглата во фрижидер да се здрви.
Намазот може да се користи за мачкање на палачинки, леб,полнење крофни, пралини,фил....