Ролат Шарлота со два фила
Состојки
- Кора за ролат
- 7 јајца
- 7 лажици шеќер
- 1 лажица зејтин
- 8 лажици брашно
- малку пециво
- 4-5 лажици мармалад за филување на ролатот
- Жолт фил
- 500 мл. млеко
- 1 прашок за пудинг од ванила
- 2 лажици густин
- 8 лажици шеќер
- 50 гр. бела чоколада за готвење
- 100 гр. маргарин
- 100 гр. желе бонбони
- Црн Фил
- 500 мл. млеко
- 1 прашок за пудинг од чоколада
- 8 лажици шеќер
- 2 лажици густин
- 50 гр. црна чоколада за готвење
- 100 гр. маргарин
- 100 гр. сецкани ореви
- За декорација
- 100 мл. млеко
- 1 прашок за шлаг крем од ванила
Подготовка
1. Најпрво се прави кората за ролатот.
Се одвојуваат белките од жолчките. Се матат белките со мискер, се додава шеќерот, откако ќе се добие цврст снег, се додаваат жолчките и се продолжува со мешање. Се додава зејтин и на крај брашното и пецивото. Се пече во правоаголен плех од рерна обложен со хартија за печење. Да се внимава да не се препече кората, бидејки потешко ќе се витка ролатот. Откако ќе се испече кората, се премачкува со мармалад и се витка во ролат. Ролатот се остава во ладилник некое време додека да се спремаат филовите.
2. Се подговува прво жолтиот фил.
Во 150 мл. ладно млеко се раствора прашокот за пудинг од ванила и густинот. Преостанатото млеко со шеќерот се става на оган да зоврие и откако ќе зоврие се истура растворениот пудниг и се вари со постојано мешање додека убаво се згусти. Се трга настрана и се додава бела чоколада на парчиња, се меша постојано да се растопи чоколадата. Потоа се остава филот да се излади со постојано мешање за да не се створи коричка на пудингот. Кога ќе се олади пудингот се додава предходно изработениот маргарин. Се меша убаво да се добие убава хомогена смеса, па на крај се додаваат желе бонбоните исечени на ситни коцки.
3. Потоа се подговува црниот фил, слично како жолтиот фил. Во 150 мл. ладно млеко се раствора прашокот за пудинг од чоколадо и густинот. Преостанатото млеко со шеќерот се става на оган да зоврие и откако ќе зоврие се истура растворениот пудниг и се вари со постојано мешање додека убаво се згусти. Се трга настрана и се додава црна чоколада на парчиња, се меша постојано да се растопи чоколадата. Потоа се остава филот да се излади со постојано мешање за да не се створи коричка на пудингот. Кога ќе се олади пудингот се додава предходно изработениот маргарин. Се меша убаво да се добие убава хомогена смеса, па на крај се додаваат сецкани ореви.
4. Готовиот ролат го сечеме на тенки парчиња, да излезат што е можно повеќе. Еден округол сад (пластичен или стаклен) се обложува со најлонска фолија и потоа се редат парчињата ролат почнувајки од дното на садот. Откако ќе се покријат ѕидовите на садот со парчиња се става жолтиот фил, убаво се израмнува па се редат пак парчиња ролат, па врз нив се става црниот фил и на крај се затвара со парчиња ролат. Доколку се случи да не стигнат прачиња ролат, може да се користи готов ролат или пак бисквиди.
5. Вака наложената торта покрива со најлонска фолија и се остава во ладилник до следниот ден да се стегне. Следниот ден внимателно се превртува на рамна чинија и се декорира со шлаг крем од ванила.