Посни сармички од свежа зелка и со соини трошки
Состојки
- 25 листови свежа зелка
- 1 главица кромид
- 2 филџани соини трошки
- 2 филџани ориз
- 2 лажици оцет
- 2 лажици свеж сецкан магдонос
- по потреба сол, црн бибер, мешавина од сув зеленчук, црвен пипер
- За запржување
- по потреба масло, брашно, црвен пипер
Подготовка
Најпрвин зовријте во тенџере вода, во која ќе додадете сол и 2 лажици оцет. Во зовриената вода ставете ги листовите зелка да се обарат.
Барете ги додека станат доволно меки за виткање.(5-7минути)
Во меѓувреме подгответе ја смесата за полнење
Во тава на оган ставете масло да се загрее и додајте го ситно сецканиот кромид. Пропржете го додека да омекне, а потоа додајте го оризот и соините трошки(претходно потопени во топла вода и исцедени). Пропржете кратко, додајте го магдоносот, и зачинете со мешавина од сув зеленчук, црн бибер и сосема малку црвен пипер.
Од подготвената смеса нанесете на секој лист зелка и замотајте во сармичка. Замотаните сарми наредете ги во тенџере и врз нив ставете плитка чинија превртена наопаку. Налејте топла вода, колку да ја облие чинијата и варете на тивок оган.
Откако е сварена, запржете ја. Запршката треба да е многу малку, значи на малку масло пропржете сосема малку брашно, тргнете од оган, додајте малку црвен пипер и посипете ја сармата. Оставете ја сармата уште 2 минути на оган да проврие со запршката и послужете ја.