Испечати

Сендвич лепчиња

Сендвич лепчиња

Состојки

  • 1 пресен квасец
  • 900 грама брашно
  • ½ литар благо млеко
  • 9 лажици масло
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажичиња ким
  • 1 јајце

Подготовка

1. Во сад се става квасецот, шеќерот, маслото и претходно загреано ( млако ) благо млеко.
2. Се мати со миксер да се добие пенеста смеса.
3. Во брашното додаваме сол, ким и претходно изматената смеса и сето убаво го месиме.
4. Добиеното тесто го делиме на два еднакви дела. Од секој дел правиме по 15 топчиња.
5. Секое топче убаво го месиме и правиме јајцевидна форма. Одозгора секоја форма малку ја засекуваме( правиме една црта ).
6. Така направените лепчиња ги редиме на плех премачкан со маргарин.
7. Ги оставаме да нараснат околу 20 минути. Потоа ги премачкуваме со едно изматено јајце и ги посопуваме со ким или сусам по желба.
8. Печеме околу 15-20 минути во загреана рерна на 220 степени.
Мене ми излегоа 30 лепчиња