Бели пралини со крем и милк шејк од јагода
Состојки
- 200гр бела чоколада и 5лажици масло
- 100гр еурокрем
- по желба/потреба мелени ореви
- 1/2 лажиче милкшејк од јагода
- 2-3 аранчини
Подготовка
Ова се моите пралини од бела чоколада.
Се топи на пареа чоколадата заедно со маслото. Силиконските калапи претходно се ставени во замрзнувач за да се оладат.
Се става по едно лајче стопена чоколада во секое калапче убаво се премачкува и се става пак во замрзнувач. Ова се повторува уште 2 пати. Потоа се полнат со лајче еурокрем измешан со мелени ореви ,2,3 аранчини и пола лајче милкшејк од јагода. Одозгора се дополнува со чоколада било каква бела или црна.Се ладат 30мин и се вадат од силиконите.Пријатно!
Пс.Милкшејкот им дава посебен вкус на колачињата .