Испечати

Шарени тортички

Шарени тортички

Состојки

  • За пандишпан
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер+1ванилин шеќер
  • 6 лажици брашно+1 пециво
  • 3 лажици млеко(може топла вода.)
  • 3 лажици масло
  • За фил 1
  • 2 пакетчиња(40-50 гр.) пудинг од чоколада+3 лажици густин(брашно)
  • 10 лажици шеќер
  • 50 гр. млечно чоколадо(може за готвење)
  • 100 гр. маргарин и 1 литар млеко
  • За фил 2
  • 250 мл. слатка павлака
  • 2 лажици шеќер или 1 лажица мед(по вкус)

Подготовка

За пандишпан
Јајцата сматете ги со миксер заедно со јајцата. Треба да се добие пенлива смеса што ќе почне да забелува. Додајте ги останатите состојки, убаво измешајте со лажица да нема грутчиња. Ставете ја смесата на плех (од рерна) обложен со хартија за печење. Ставете да се пече на 250 степени додека се испече(зависно од рерната), за најдобро да видите дали е печена забодете го со чепкалка пандишпанот, извадете ја ако не лепи готов е. Извадете го да олади и исечете го на 2 еднакви делови.

За фил 1
Најдобро филот да го направите пред да го правите пандишпанот за да се олади подобро.

Оделете 250 мл. од млекото, останатото ставете го да се загрее. Во одделеното млеко растворете ги шеќерот, пудинзите и густинот убаво мешајте да нема грутчиња. Кога млекото полека ќе почне да врие полека сипувајте го растворениот пудинг мешајќи со лажица или жица. Мешајте убаво да згусти. Откако ќе згусти тргнете го настарана, ставете го маргаринот и чоколада исечени на коцкички и додека е топол пудингот енергично мешајте да се растопат. Ставете го во фрижидер да се олади со најлонска фолија за да не фати кора. Кога е оладен измиксајте го со миксер да се добие убава крема. Добиениот крем поделете го на два еднакви делови за да може да бидат еднакви филовите на кората.

За фил 2
Убаво измиксајте ја хслатката павлака со шеќеро/медот(по вкус) додека се добие фина смеса која ќе се направи како топка и ќе се собира од страните на садот.

Редослед за филување

Кора,половина од филот, слатка павлака, кора намачкана со крем превртете ја со филот надолу(накај слатката павлака.)убаво притиснете да се залепи. Одозгора може да ставите уште слатка павлака или чоколадна глазура.