Палачинки со чоколадо и маскарпоне
Состојки
- За палачинки
- 400мл вода
- 2 јајца
- 1 ванила
- по потреба брашно
- Крем
- 150гр. млечно чоколадо
- 50гр. сецкани лешници
- 100гр. маскарпоне
Подготовка
Во длабок сад со жица изматете ги јајцата. Додајте ги водата и ванилата и матете додека се појави пена на површината. Потоа постепено додавајте брашно, додека се добие потребната густина за палачинки.
Откако смесата е спремна, во загреана тава за палачинки(или обична тефлонска тава) ставете неколку капки масло и испржете ги палачинките од подготвената смеса.
Крем
Во сад на пареа ставете го чоколадото да се растопи.
Откако ке се растопи тргнете го од оган и додајте го маскарпонето и сецканите лешници. Убаво промешајте и со вака подготвениот крем филувајте ја секоја палачинка.