Солени тригони со јогурт и гриз
Состојки
- 9-10 листа готови кори
- *За премачкување на корите
- 1 јајце
- 2 лажици гриз
- 250 мл јогурт
- 50 мл масло
- *За Фил
- 1 јајце
- 1 лажиче гриз
- сол, изварка (урда)
Подготовка
Корите кои останаа од Бугацата ги имровизирав на овој начин, па имавме супер вечера пред десертот.
Од состојките за премачкување на корите, изматете го јајцето со вилушка, додајте го гризот, јогуртот и маслото, измешајте убаво и оставете го 15на мин да одстои.
Секој лист кора, целосно се премачкува со смесата со јогурт. Се витка на половина и пак се премачкува. Таа половина се превиткува уште еднаш и останува непремачкана. На едниот крај се става по едно полно лажиче од филот со изварката и се витка во тригон.
Тригоните се редат во подмачкана тава, одозгора се премачкуваат со масло и се печат на 200 степени додека благо не поруменат.
Убави се и топли и ладни со чаша јогурт, меки се за јадење и изгледаат како да се направени од тесто а не од готови кори.
Забелешка
Неколку направив само попррскувајќи ги корите со масло без да ги премачкувам со филот за јогурт и тие исто така испаднаа добри, па ако некој не сака да се мачи да ги премачкува со смесата, можи и на поедноставен начин да ги спреми.
На сликата помасните се само со масло и на изглед се попривлечни, додека другите се како побрашнести... и двете беа вкусни, но ви ги препорачувам овие од целосниот рецепт да ги пробате.