Триаголник со локум и чоколада
Состојки
- 250 гр. локум(розев,бел)
- 250 гр. бисквити(мелени)
- 50 гр. шеќер во прав
- 3-4 лажици топла вода
- 100 гр. мелени лешници,ореви+50 гр. кокос
- 100 гр. чоколада
- 2 лажици масло
Подготовка
Локумот исечете го на коцки, измешајте го со бисквитите, оревите/лешниците, шеќерот во прав, кокосот, 2 лажици вода или по потреба да се измеси убаво да не се лепи. Поделете го на 10 топчиња. Расукајте ги во валјаци како сукало теники колку малиот прст. На рамна подлога ставете 4 валјаци прелијте ги со стопена чоколада на пареа со 2 лажици масло. Ставете уште 3 треба да биде како пирамида, прелијте ги со чоколадо убаво, направете така додека ги потрошите останатите. После три ставете 2, па едно со прелевање на чоколадо(да остане за сите). Ставете го да се стегне во фрижидер и сечете прачиња.