Чоколадна торта со лути пиперчиња
Состојки
- 350 гр чоколадо за готвење
- 100 гр прав шеќер
- 100 гр брашно
- 5 јајца
- 250 гр путер
- 2-3 лути пиперчиња (или пиперчиња во прав)
Подготовка
Комбинацијата на чоколадо и лути пиперчиња ја прави оваа торта навистина вкусна и совршена. Но кој не сака луто, може да си ја направи без лути пиперчиња и ќе добие исто така вкусна и мека чоколадна торта.
Најпрво се растопува чоколадото на пареа заедно со пиперчињата. Потоа исечен на коцки путерот се додава постепено додека не се растопи убаво. Кога е растопено се` убаво се трга од оганот, се ваѓаат пиперчињата и се додава шеќерот во прав. Се меша убаво, па се додаваат жолчките од јајцата една по една мешајќи.
Посебно се матат белките. Кога се убаво изматени, во нив постепено се додава брашното. Потоа мешајќи се додаваат во смесата со чоколадото.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.
Кога е готова одозгора се става прав шеќер и малку какао.