Ритер торта
Состојки
- 5 јајца
- 15 лажици шеќер
- 8 лажици топла вода
- 7 лажици мелени ореви
- 8 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- 2 лажици какао
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 10 лажици мелени ореви
- 2 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- 100гр мелени ореви
- 100гр суво грозје
- 200 гр шеќер во прав
- 1 маргарин
- 1 пудинг од јагода
- 2 пудинг од ванила
- 400гр. млеко
- 5 лажици шеќер
- 125 гр млеко
- 1 шлаг крем
- 1 сладолед од чоколада
- 500гр млеко
- 5 лажици шеќер
- 10 бисквити
- 1 банана
Подготовка
Изминатиов период, како да ми беше период на ситни колачиња. Еве сега решив малку да сменам и да пробаме некоја тортичка.
А да бидам искрена имам и повод, роденденот на мажот ми.
Направив торта која ми одзема малку повеќе време, но искрено, вредеше.
Испеков две теста и потоа ги филував, но ајде да почнеме по ред.
Прво тесто
5 јајца
15 лажици шеќер
Се мати убаво пенесто и се додаваат
8 лажици вода млака
1 пециво
1 ванила
8 лажици брашно
2 лажици какао
7 лажици ореви
Го печеме тестото на температура од 150степени додека не зарумени.
Веднаш го матиме и второто тесто од следните состојки
5 јајца
5 лажици шеќер
10 лажици ореви
2 лажици брашно
1 пециво
1 ванила
Печеме на истата температура.
Додека истинуваат тестата започнав со подготовката на филот
Еден маргарин го изматив со 200 грама шеќер во прав.Смесата стана убаво пенеста и додадов 100 грама сецкани ореви и 100 грама суво грозје. Тргнав на страна.
На оган во 500 гр млеко ги сварив 2 пудинга од ванила со 5 лажици шеќер. Откако излади го промешав со претходно изматениот маргарин и убаво ја изедначив смесата. Потоа во друг сад сварив еден пудинг од јагода кој ќе ми послужи при филувањето. (варењето на пудингот од јагода е 400 гр млеко ,5 лажици шеќер и пудингот.)
Скоро сум пред крајот со подготовката, па решив да почнам да филувам.
Го ставив на рамна подлога првото тесто, а врз него го премачкав целиот фил кој го приготвив. Врз него наредив еден ред од сецкана банана и покрив со второто тесто. Полеав со пудингот од јагода.
Ситно искршив 10 бисквити и ги разредив врз тортата поточно врз пудингот од јагода.
Во 125 грама млеко матиме еден шлаг крем и со таа смеса ја прекриваме тортата од страните. Подобар вкус ќе и даде и сладоледот од чоколада кој го разлеав како финиш на тортата.(сладоледот се мати во стандардна процедура, по постапката од позадината на кесичката ). Оставив малку во фрижидер да се стврдне сладоледот. Тортата е прекрасна...пробајте ја...
На здравје.