Видео рецепт: Мисиркино со босилек и палента
Палентата сеуште нема такво влијание во светската кујна како пастата, но во Северна Италија палентата е основен извор на јаглени хидрати во подготовката на главните јадења. Таа е хранлива состојка која ги апсорбира вкусовите со кои ја комбинирате и овде ќе ја подготвиме со шницли од мисирка кои се сочни , но не и масни.
Состојки
- 2 шницли од мисирка
- 125 грама путер
- 225 милилитри млеко
- Полна рака босилек
- 75 грама кашкавал
- 200 грама палента
- Сол и бибер (за зачинување на месото)
- Маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола и Грил тава.
Подготовка
Чекор 1: Почнете со подготовка на дел од состојките за палентата. Исечкајте го босилекот и изрендајте малку кашкавал.
Чекор 2: Стопете путер и загрејте млеко на среден оган, а потоа ставете ја палентата. Додадете го босилекот и измешајте. Палентата ќе ја впие течноста, па затоа продолжете да сипувате уште млеко додека да добиете мазна паста. Мешајте ја на слаб оган додека да стане потполно мазна и лесна за работа со лажица.
Чекор 3: Зачинете ги шницлите со сол, бибер и маслиново масло и ставете ги во жешката Грил тава. Овие сочни шницли не бараат долга подготовка, па затоа свртете ги еднаш или два пати и спремни сте за сервирање.
Чекор 4: Сервирајте обилна количина палента. А потоа ставете шницла од мисирка пресечена на половина и сето тоа украсете го со гарнир од босилек одозгора.
СОВЕТ: Има добра причина зошто боди билдерите јадат повеќе мисиркино отколку било кое друго месо – тоа не е масно и богато е со протеин. Во овој рецепт како замена можете да користите и пилешко, но овде Ви го претставуваме овој често запоставуван вид месо како одличен здрав избор со вкусна палента.