Ролат со барен спанаќ
Состојки
- За кората
- 4 јајца
- 1/2 лажичка сол
- 200 гр, брашно + 1/2 пециво
- 100 мл. зејтин
- 300 гр. спанаќ
- Фил
- 200 гр. кисела павлака
- 200 гр. сецкана шунка
Подготовка
Нека го и овој ролат овде, нека стои рецептот, можеби некој ке сака да спрема ролат и на овој начин
1. Најпрво попарете го со врела вода исчистениот и измиен спанаќ. Исцедете го и нека олади.
2. Се делат жолчките од белките. Со миксер изработете ги најпрвин белките со солта и оставете настрана. Изматете ги и жолчките, во нив додајте ги изработените белки, измешајте да се спојат. Додадете го зејтинот, брашното во кое сте го измешале пецивото, потоа спанаќот кој може и не мора да биде сецкан.
3. Во плех на кој има веќе поставено хартија за печење истурете ја оваа смеса и печете кратко време на 200 степени. Внимавајте да не се препечи бидејки кората е тенка.
4. Испечена кората извадете ја од рерна, покријте со чаршаф и само неколку минути нека постои- потоа заедно со хартијата замотајте ја како ролат. Нека олади.
Фил: измешајте ја павлаката со шунката.
Оладената кора одмотајте ја, прво само со павлака премачкајте ја кората, а потоа ставете го филот и мотајте повторно во ролат. Спојувањето на рабовите нека биде одоздола. Нека одстои, тогаш подобро се сече и ролатот целосно е споен.
Совет
- Филот слободно го менувајте, овој ролат можеете да го филувате со секој вид на салата на база павлака-мајонез, сирење, кашкавал
Ќе ми простите за снимки од постапка, навечер касно веќе, никако неможев да направам добра слика.....