Салата со ориз и лук
Состојки
- 300 грама варен ориз
- 2 лажици зејтин
- 250 грама шампињони од саламура
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка мешан сув зачин,малку црн бибер
- 3 чешниња ситно сецкан лук
- 100 грама сецкани ореви
- 450 мл кисела павлака
- 1 морков за декорација
- околу 870 мл врела вода или по потреба ( пр. 1 чаша ориз 3 чаши вода )
Подготовка
Оризот го чистиме и го плакнеме во две -три води. Го вариме во врела вода околу 870 мл или зависно од оризот, внимавајки зрната ориз да останат цели. Оревите и печурките ги сецкаме. Во длабок сад ги ставаме сите состојки и се заедно промешуваме. На крајот ја додаваме павлаката и мешаме додека се изедначи смесата. Декорираме по вкус.
Оваа салата ја спремав од око мерки и состојки. Ни се допадна многу на вкус, се надевам и на вас.
Добар апетит.