Испечати

Сок од портокали и лимон

Сок од портокали и лимон

Состојки

  • 2 портокали
  • 1 лимон
  • 0.5 кг. шеќер
  • 3 пакетчиња(30 гр.) лимонтус
  • 1 литар вода(3 литри за растворање)

Подготовка

Портокалите и лимонот убаво се мијат, се рендаат или се мелат низ машина за мелење месо. Ако не сакате сокот да има горчлив вкус излупете ја лушпата. Во мелените(рендани)портокали и лимон се ставаат во сад, во садот се додава 1 литар вода, лимонтусот и шеќерот. Убаво се меша со лажица да се стопи шеќерот(5-10 мин.).
Се остава во фрижидер 24 часа. Се процедува низ газа. Сокот се собира во чисти шишиња. Се чува на ладно.

-Овој сок е за растворање 1 литар сок,се раствора со останатите 3 литри вода. Ако ви биде благ може да додадете повеќе вода затоа најдобро по малку да го растворате, ама по ваша желба.