Испечати

Магичен колач

Магичен колач

Состојки

  • 125 гр. маргарин
  • 200 гр. бискоти
  • 70 гр. кокос
  • 170 гр. чоколада
  • 100 гр. сецкани ореви
  • 400 гр. кондензирано млеко

Подготовка

Магијата за магичниот колач ми ја откри Елза. Не верував навистина дека е магичен. Ќе мора сега вие да се уверите, поради што еве како се прави оваа магија, а кондензираното млеко нема да ви биде пречка да ја направите оваа магија- рецептот за истото веќе го имате.

1. Во тавче 18/30 истопете го маргаринот
2. Врз маргаринот ставете половина од поситно искршените бискоти
- магијата веќе почнува -
3. Врз бискотите посипете го кокосот.
4. Врз кокосот распоредете го искршеното чоколадо
5. Врз чоколадото распоредете сецканите ореви
6. Врз оревите распоредете ги преостанатите искршени бискоти
7. Залејте со кондензираното млеко
8. Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете не повеќе од 30 мин. помалку може
9. Нека олади и извадете го или едноставно во самото тавче сечете парчињата од колачот.

Совет
- јас научив да ја правам оваа магија и поуспешна ми беше кога искршив чоколада со лешници. Можете да искршите различна чоколада, со лешници, млечна, чоколадни бонбони...со различна арома... но вкупната тежина да биде 170 гр.
Спремајте и кажете ми на што ве подсетува овој волшебен- баш прав магичен вкус... мене ме подсетува на оригинал Милка полнетите чоколада., па ми даде нишка на вкус од оригинал рафаелото... па Магичен е... ви велам.. нешто неодредено голема вкусотија...
- Совет до вас да ги искршите малку поситно бискотите, не како мене што ќе видите на сликите, на брзина искршени парчиња, нели повеке работи работам одеднаш, така ќе е, но и така разбарушен овој колач е симпатичен... бушава фризура има
Ова што денес ви го презентирам го спремив во силиконскиот калап од Делимано, беше половина доза бидејки имав толку млеко, а сепак да присоберам на едно место од се по малку што останало се одлучив овде сето тоа да го сместам, инаку знам да го направам во дупла доза... преубав е!