Испечати

Лиснати кифлиња со јогурт

Лиснати кифлиња со јогурт

Состојки

  • 1кг-1,5 кг. брашно
  • 200 мл. јогурт
  • 400 мл. млако млеко
  • 1(40 гр.) свеж квасец
  • 2 мали лажички сол
  • 2 мали лажички шеќер
  • 3 јајца
  • 200 гр. маргарин(омекнат)
  • За премачкување и посипување
  • 1 јајце
  • 1 лажица масло
  • 100 гр. маргарин
  • по вкус сусам,афион,ким.....

Подготовка

Во поголем сад се става брашното, се додава растворениот квасец со малку топло млеко, солта и шеќерот(не треба да се остава да расте), останатото млеко, јогуртот и јајцата.
Се меси убаво меко тесто,тестото треба малку да се лепи на рацете нетреба да биде прецврсто. Тестото не се остава да кисне веднаш со нож се сечат 4 делови(топки),од секое делче се истава по 7 мали делчиња.
Значи од 4 поголеми делови по 7. 4х7.Секое топче се развлекува на маса(со малку масло), се мачка со маргарин(маргаринот да се подели на 24 коцки), последната седмата кора не се мачка, се става во плитка чинија и се става во фрижидер.Така се прави и со останатите делови.

Кога ќе ја ставите 4 та. чинија извадетете ја првата и малку расплескајте ја и почнете да ја месите(развлекувате) во круг(со сукало), треба да се добие тенка широка кора. Откако ја развлековте кората пресечета ја на 4 еднакви делови(вертикално 2,хоризонтално 2)од секоја1/4 сечете по 5 триаголници.
Значи од една кора 20 кифлиња. Завиткајте ги во вид на кифла, можете да ги полните со сирење или др. Кога ќе ги виткате убаво стискајте ги. Готовите кифли ставајте ги во подмачкан плех со маргарин. Постапката повторете ја останатите делови.
Сега земајте ја 2,3,4 чинија со ред и правете кифли.Откако ќе ги направите оставете ги на топло покриени со чиста крпа да стасуваат 2 часа. Откако стасале премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам, ставете мала коцка маргарин.
Ставете ги да се печат на 200-250 степени додека заруменат.
Од ова тесто излегуваат 80 кифли, можат да се прават и помали.