Испечати

Торта со јаболко

Торта  со  јаболко

Состојки

  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 100 мл млеко
  • 100мл масло
  • 3 лажици какао
  • 300 гр брашно
  • 3 големи јаболко
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1лажица цимет

Подготовка

1. Во сад за матење се става шеќерот, јајцата и  изматете со рачна маталка па додадете млеко, масло какао и брашно измешајте повторно. Потоа додадете го ренданото јаболко промешајте и на крај додадете ја содата и циметот.
2. Печете во тавче бр 24 на 180 степени половина час.