Проја мафини со праз
Состојки
- 4 јајца
- 1 лажичка сол
- 250 мл. кисела вода
- 250 мл јогурт
- 150 мл. зејтин
- 300 гр. брашно
- 200 гр. пченкарно брашно
- 1 пециво
- 300 гр. сирење
- 3 страка праз
Подготовка
Најпрво празот се чисти и мие, па се сечка ситно и се пржи на малку масло. Откако ќе помекне се трга да олади.
Јајцата се матат со жица за матење, се додава сол, вода, јогурт, зејтин, пециво, брашно, пченкарно брашно. Се убаво се измеша и на крај се додава рендано сирење и предходно подготвениот праз и се добива смеса нешто погуста од онаа за палачинки. Со вака добиената смеса се полнат калапите за мафини (кои предходно се премачкани со маргарин) до половина.
По желба се наросуваат мафините со ленено семе или сусам. Од оваа доза излегуваат 24 мафини.
Се печат мафините 20 минути на 200 степени, додека убаво да поруменат.
За брзина се добиваат вкусни, меки мафини.