Пралини со ганаш од малини
Состојки
- за калапите
- 200 гр. чоколадо за готвење
- Фил
- 50 гр. слатка павлака
- 50 гр. пире од малини
- 25 гр. гликоза сируп или мед
- 140 гр. темно или бело чоколадо за готвење
Подготовка
Овие како создадени за Денот на вљубените...
Постапка
Фил
1. Ставете ја павлаката во сад, додадете го пирето од малините, сирупот гликозен или медот, сето заедно нека зоврие и тргнете настрана. Веднаш додадете го ситно исецканото чоколадо и бркајте додека се стопи. Оставете настрана да олади.
За калапите - темпорирање на чоколадата
1. 160 гр. чоколадо стопете го на пареа и да ја постигне температурата до 50 степени, тргнете го и додадете ги останатите 40 гр. Во оваа постапка температурата на чоколадото ќе падне на околу 27 степени, вратете го садот повторно на пареата за да ја постигнете температурата до 31-32 степени.
- Кога веќе сте ја добиле вака спреманата чоколада, полнети ги модлите, превртете ги наопачки на мрежа од жица испод која сте ставиле хартија за печење и оставете нека се цеди чоколадата и да истата се стврдне во самите модлички.
- Кога чоколадата е стврдната во модлата, тргнете калапот од мрежата, а од хартијата извадете го чоколадото кое се цедело од модличките, вратето го повторно да се стопи. Полнете ги модлите со ганашот од малини, затворете со веќе стопеното чоколадо, оставете да оладат, односно да се чоколадото со кое сме ги затвориле модличките да се стврдне. Потоа лесно се вадат - превртете ги калапите со отворот надоле, лесно стиснете на модличката и формата ке излезе.
ЗАБЕЛЕШКА
- За ова се потребни силиконски калапи
- Бидејки сакав да бидат бели, малините да си ја имаат својата боја, јас во денешната моја работа ставив бело чоколадо и за модлите и за ганашот.
Спојот на малината и темното чоколадо исто така е фантастичен дури за нијанса повкусен, ама како што кажав сакава да го постигнам овој ефект и направив овојпат измена.
- За темпорирање на чоколадата е потребно термометар или онаа силиконската бркалка на која има веке вградено термометар и служи само за темпорирање на чоколада.
- Ако таква немате... нема да не е успешна работата и ако најобично го истопите чоколадото на пареа и тоа на 100 гр. чоколада за готвење 2 лажици зејтин.