Испечати

Варена свинска глава

Варена свинска глава

Состојки

  • 1 свинска глава
  • 1 главица праз
  • 1 чаша црвено вино
  • 2 чаши вода
  • 3 суви чушки
  • 1 чаша сос од патлиџани
  • 1 ловоров лист
  • 3 лажици мешан зачин
  • 3 чешниња лук

Подготовка

Во длабок сад се става свинската глава и врз неа се додаваат ситно сецканиот праз, лукот, сувите пиперки, ловоров лист, се промешува и се додава сосот од патлиџани. Се полева со виното и водата и се зачинува со мешаниот зачин. Сето ова се затвара убаво да не диши. Пожелно е да се вари во експрес лонец, но ако немате може да се стави во длабок сад и од страните на лонецот кај капакот да се залепи со тесто, за да не диши. Сето ова се вари на тивок оган околу 1 час и 30 минути. Потоа се отвара лонецот, се истура смесата во тава од која се вадат коските од главата. Чистата смеса се префрла во друга тава и е спремна за јадење. На здравје