Бомбици со суво овошје
Состојки
- 300 гр мелени урми
- 200 гр мелени суви смокви
- 350 гр мелени бисквити
- 2 чоколада за готвење (стопени)
- 2 големи лаж мед
- 1 шишенце екстракт од ванила
- 50 гр бело чоколадо за декорација
Подготовка
Епа еве ме и мене по подолго време...мислејки како да ги искористам урмите и смоквите останати од бадник, а никој не ги јаде вака си направив едни лесни бомбици, а сепак гледав нели да не се оптеретувам многу..
Сите состојки се замесуваат и се прават топчиња кои се стават во хартиени корпички. Белото чоколадо се топи и на секоја бомбица се става по малку со лажичка. За да бидат малку поинтересни им ставив по едно срце од локум и прав шеќер. Импровизацијата излезе супер, а и тие што пробаа беа задоволни