Видео рецепт: Мексиканска лазања
Ова е исклучително креативна верзија на класичен Италијански рецепт – му даваме Мексикански шмек со тоа што наместо тестенини, користиме тортиљи, и филот од месо го зачинуваме и му додаваме малку црвен грав.
Состојки
- 8 големи тортиљи (по 2 за секој слој)
- 1 килограм мелено месо
- 7 лажици црвен грав
- 2 главици бел кромид
- 3 чешниња лук
- чили во прав
- 500 милилитри доматен сос
- кашкавал за преливот
- 5 лажици кисела павлака
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Делимано Ростер.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Исечкајте ги двете главици кромид и потоа изгмечете ги и ситно исечкајте ги трите чешниња лук.
Чекор 2: Пропржете ги кромидот и лукот во малку маслиново масло. Ставете и малку сол за да не изгорат. По неколку минути ставете го и меленото месо и пропржете го. Ставете доста чили во прав, а веднаш по него и црвен грав. На крај прелијте ги состојките со 500 милилитри доматен сос и оставете ги да крчкаат. Можете да додадете и коцка за телешка супа ако сакате поинтензивен вкус.
Чекор 3: Време е да ја наредиме “лазањата” – исечете ги тортиљите за да можете да ги ставите во правоаголниот Делимано Ростер. Доволни ќе бидат 2 тортиљи за секој слој. Покријте ги тортиљите со филот со месото. Повторете ја постапката 4 пати. Ставете од месото и одозгора, а потоа изрендајте кашкавал, ставете неколку лажици кисела павлака и уште малку црвен грав. Ако сакате можете да ставите и мали парченца начо чипс.
Чекор 4: Печете ја лазањата во рерна на температура од 150 степени 20 минути додека кашкавалот да се стопи и да почне да станува крцкав. Извадете го Ростерот од рерна и сервирајте големо парче лазања на чинија со лути зелени пиперчиња.
СОВЕТ: И, што мислите? Ова е одлична промена во однос на класичната лазања и исто така е прекрасна послужена студена наредниот ден. Овој рецепт лесно ќе најаде осум гладни усти и мислиме дека ќе стане едно од омилените семејни јадења!