Испечати

Брзи кифли (без киснење)

Брзи кифли (без киснење)

Состојки

  • 500 мл потопло млеко
  • 200 мл масло
  • 1 јајце
  • 40 гр квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 900гр-1 кг брашно
  • За премачкување
  • 1 јајце
  • по потреба сусам
  • по потреба путер

Подготовка

Квасецот се раствора со малку млеко, шеќер и брашно.
Во сад се ставаат млекото, маслото, солта, јајцето, растворениот квасец и со брашното се замесува тесто да биде мазно.
Се прават топчина (околу 47-50) и се ставаат на намрсена површина.Се зема од првото топче што сте го направиле и се прави кифла.По желба на средината може да се стави и сирење. Се редат на намрсен плех или на хартија.
Откако ке се направат сите кифли се уклучува рерната да се загрее на 200 степени, се мачкаат со изматено јајце, се наросуваат со сусам и на секоја кифла се става мали парченца путер.
Се печат околу 20 мин.
На овој начин ги правам и посните кифли само што не ставам јајце и млекото го заменувам со вода.