Испечати

Кифли од хељдино брашно со павлака

Кифли од хељдино брашно со павлака

Состојки

  • 300 гр бело брашно
  • 300 гр хељдино брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200 мл млако млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 свеж квасец
  • 200 гр кисела павлака
  • 100 мл масло
  • малку сол .
  • 1 жолчка за премачкување
  • За фил
  • За солена варијанта
  • 100 гр кравјо сирење
  • 10-тина зелени маслинки
  • За блага варијанта
  • мармалад од шипки или друг по желба

Подготовка

Во млакото млеко додадете 1 лажичка шеќер и оставете го квасецот да надојде. Двата вида на брашна измешајте ги со малку сол, маслото, прашокот за пециво и киселата павлака. Потоа во него додадете го млакото со гоотовиот квасец. Убаво измешајте и замесете глатко тесто.
Веднаш по замесувањето поделете го на 4 дела и од секој дел расукајте кора со дебелина 0,5 мм. Поделете ја на 8 триаголници и филувајте ги по желба. Јас користев сирење и маслинки за солени кифлички, а мармалад од шипки за благи.
Оставете ги така подготвени да одстојат 15 минути. Солените може да ги премачкате со жолчка и да ги наросите со сусам, ким, ленено семе.... Се печат во загреана рерна околу 15 минути додека не поруменат убаво. Благите кифлички може да ги наросите со прав шеќер откако ќе се оладат. Добар апетит.