Вкусни полжави
Состојки
- 2 јајца
- 2 шолчиња за кафе зејтин
- 2 шолчиња за кафе млеко
- 1 сув квасец
- 1 лажица какао
- 800 гр шеќер
- 600 гр вода
- по потреба брашно
Подготовка
Сум пробала повеќе рецепти на полжавчиња, но решив да го пробам и овој рецепт од кој што сум задоволна.
Во длабок сад ги кршиме јајцата и во нив ги додаваме млекото, зејтинот и квасецот. Замесуваме со додавање на брашно по потреба. Откако ќе замесиме убаво тесто, го делиме на два дела и во едниот дел го додаваме какаото за да ја смениме бојата. Потоа извлекуваме кора од белото тесто, а врз него ја ставаме претходно извлечената црна кора.
Ги виткаме во ролат. Веднаш ги сечеме на парчиња и ги редиме на намрсен плех. Печеме на температура од 150 степени, се додека не заруменат колачињата. Ги вадиме од рерна и оставаме да оладат.
На страна во друг сад го ставаме шеќерот и водата да зовријат. Врие околу 15 минути. Кога колачите се ладни полеваме со жежок шербет. На здравје