Испечати

Видео рецепт: Бела риба варена на пареа во сос

Видео рецепт: Бела риба варена на пареа во сос

Ова е навистина едноставен рецепт за риба во кој ги спојуваме краставицата и слатките корнишони со богат сос од путер и бело вино. Потеклото на рецептот е од Франција и тој е одличен за подготовка на сите видови риба, па дури и пилешко.

Состојки

  • 2 филети бела риба
  • 1 краставица
  • 1 голема главица бел кромид
  • полна рака слатки корнишони
  • 100 грама путер
  • 2 чаши бело вино
  • миродија или аршлама за гарнирање
  • компири
  • сол и бибер
  • маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Фамилијарна тава.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Исечкајте го белиот кромид. А потоа крупно исечкајте ги слатките корнишони.

Потоа земете ја и краставицата и со ноже за лупење направете долги ленти сечејќи ја по должина.

Чекор 2: Стопете го путерот со малку масло во Вок тавата. Оваа тава ќе нѝ го даде просторот кој нѝ е потребен за подготовка на рибата и сосот. Ставете го белото вино и крчкајте го за да се спојат различните силни вкусови. Зачинете со сол и бибер.

Чекор 3: Ставете го белиот кромид. Потоа и корнишоните, парчињата краставица и продолжете да ги крчкате. Овие вкусови навистина одлично се вклопуваат.

Чекор 4: Време е да ги ставиме филетите риба. Едноставно ставете ги врз сосот и поклопете ја тавата со капак за од сосот да се создаде пареа на која ќе се свари рибата. Оставете ја рибата вака да се вари 10 минути и подготовката завршете ја така што со лажица ќе ја прелиете со сосот.

Чекор 5: За сервирање, рибата ќе ја споиме со варени компири, врзнив ставајќи ги филетите и преливајќи ги со сос одозгора. Со ова јадење одлично оди свеж гарнир како миродија или аршлама.

СОВЕТ: Ако на овој рецепт му додадете и капари тоа ќе ја зголеми цената, но ако имате капари во фрижидер ставете ги и нив. Така ќе добиете прекрасна комбинација од солени капари и слатки корнишони со богатиот сос од путер и бело вино.