Ролована обланда со вишни
Состојки
- 3 листа обланди
- 250 гр маргарин
- 500 гр шеќер
- 100 гр чоколадо
- 2 чаши вишни
- 500 гр мелени бисквити
Подготовка
Ставете ги маргаринот, шеќерот, чоколадото и вишните на тивот оган да се растопат до точка на вриење. Ако користите смрзнати вишни, што во овој случај би било пожелно, предходно одмрзнете ги и ставете ги во садот со се сокот.
Откако ќе проврие, тргнете го садот од оган и вмешајте ги мелените бисквити.
Обландите омекнете ги на влажна платнена салвета. Филот поделете го на 3 дела. Секој лист премачкајте го и сролајте го. Оставете да се стегни, па сечете.