Ролат со локум
Состојки
- 500гр локум од роза
- 200гр шеќер во прав
- 300гр кокосово брашно
- 100гр желе бонбони
Подготовка
Локумот се сецка ситно и се меси со шеќерот, па на крај му се додава и кокосот. На најлонска фолија се расукува кора врз која се редат исечени желе бонбони и се рола.Се става во фрижидер, а потоа се сече на тенки парчиња.
Од оваа смеса може да се прават корпички кои се полнат се сецкани желе бонбони и кои се доста декоративни.