Песто од моркови и маслинки
Состојки
- 2 сварени моркова
- 100 гр црни маслинки
- 1 чешне лук
- 3-4 лажици маслиново масло
- 1 рака пињоли
- малку сув босилек, сол, бибер
- 20-30 гр пармезан
Подготовка
Морковите сварете ги.
Маслинките очистете ги од коските.
Пињолите потпечете ги малку на сува тава. Тргнете малку за одозгора.
Сега сите состојки ставете ги во блендер и кратко измиксајте ги. Готово. Одозгора ставете од целите пињоли. Служете го пестото со крекери.