Испечати

Посен Божиќен куглов

Посен Божиќен куглов

Состојки

  • 1 чаша сецкани ореви или бадеми, лешници
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша кисела вода
  • пола чаша шеќер
  • пола чаша зејтин
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 супени лажици цимет
  • 3 супени лажици мармалад од сливи
  • 3 супени лажици какао
  • 100гр сушена брусница
  • 50гр суви урми
  • Фил
  • по желба/потреба мармалад од сливи
  • 200гр чоколадо за готвење

Подготовка

Си состојки заедно се мешаат, а на крај се додава мармаладот и се мемеша со лажица. Истурете ја смесата во калап за куглов и ставете ја да се пече на 175 С околу 1 час.
За да знам дека е сигурно печена си ја проверував со чечкалица. Кога ќе се испече уште топло премачкајте го со мармалад и оставете да се олади до крај.

Потоа растопете ја чоколадата со 3 лажици масло и прелијте го врз мармаладот. Оставете да се стегне чоколадата.Чашата е од 200 мл и се се мери со нејзе. Може да го правите и во обично тавче како торта, по желба.
Овој прекрасен рецепт ми го кажа мојата колешка и многу сум и благодарна .
Прекрасен куглов за Божиќ.