Испечати

Крем супа со гриз

Крем супа со гриз

Состојки

  • 6 - 7 лажици гриз
  • 5 лажици зејтин
  • 1 јајце
  • 1 лажица смеса од суви зачини
  • 1 лажичка сол
  • околу 1л и 750 мл вода
  • 1 кисела павлака или кисело млеко ( 200 - 250 мл)
  • зачини по вкус мелен црн бибер и магдонос

Подготовка

За подготовка на оваа супа најпрвин запржете го гризот на тивок оган заедно со зејтинот сосема малку колку да добие кремаста боја.Веднаш додајте ги солта и вегетата, промешајте. Додадете ја и водата може и студена.
Откако ќе проврие варете ја околу десетина минути на потивок оган со повремено мешање за да не ви загори. Откако ќе се свари изматете го јајцето. Додајте ја павлаката во јајцето  и постепено истурајте во супата истовремено мешајки со црпка. Додајте црн бибер ,ако сакате може и магдонос.

Оваа крем супа одамна е одомакинета кај нас и сите дома многу ја сакаме. Се надевам дека и вам ќе ви се допадне. Одлична е за овие студени зимски денови, односно за секоја сезона. Денес ќерка ми ја правеше бидејки и е омилена супа. Ви посакувам добар апетит.