Испечати

Бомба торта

Бомба торта

Состојки

  • Потребни состојки за пандишпанот
  • 9 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 13 лаж брашно
  • 1 пециво
  • Потребни состојки за кремот
  • 1 л млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 6 жолчки
  • 8 лажици брашно
  • 250 гр маргарин
  • 250 гр прав шеќер
  • 100 гр желе бомбони
  • 250 гр суви смокви
  • 200 гр чоколада
  • 200 гр сецкани ореви

Подготовка

Подготовка на пандишпанот.
Се матат јајцата со шеќерот, потоа се додава брашното во кое е измешано пецивото. Тортата ја печеме во поголем плех, но да не е многу првоаглест. Мал дел од тората ставаме и во мал округол плек бр 24см, тој ќе биде дното на тортата.

Подготовка на кремот.
Во половина од млекото ставаме шеќер и го ставаме да зоврие. Во остатокот ги ставаме жолчките и брашното и ги матиме, а потоа додаваме во врелото млеко и вариме пудинг. Кога ќе се олади го соединуваме со претходно изматен маргарин со прав шеќер.
Овој крем го делиме на три дела во еднот ставаме сецкани ореви и сецкани желе бомбони, во вториот растопена чоколада, а во третиот сецкани смокви.

Филување на тортата.
Земаме вангла не многу голема ставаме најлонска фолија или фолијата на која се печела тортата, па го ставаме големиот пандишпан, убаво го местиме и ги додаваме филовите - прво филот со ореви па филот со чоколада и на крај филот со сецкани смокви и заклопуваме со округлата кора. Ставаме во ладилник да се стегне, по 2 часа ја вадиме тортата и ја обнуваме на чинија со горниот дел надолу. Декорирајте по желба.