Шарен ролат
Состојки
- За основата
- 1/2 кгр. готови кори за пита
- Смаеса за премачкување
- 4 јајца
- 1 чаша од 240 мл. јогурт или кисело млеко
- 1 чаша зејтин
- 1 лажичка сол
- 1 пециво
- За фил
- 400 гр. кисела павлака
- 80 гр. рендано сирење
- 100 гр. шунка
- 3-4 кисели краставички
- 1-2 моркови
- 2 лажици мајонез
- 50 гр. кашкавал
Подготовка
Ролати со готови кори полно има, но нека стои и овој како што јас спремам, а по рецепт на пријателка за која сметам дека е прав мајстор за пити од готови кори, Милице74, благодарам и за овој и за останатите твои прекрасни рецепти, ова е мојата изведба. Ако случајно наминеш и ѕирнеш овде да видиш ние во Македонија како се справаме со готовите кори.
1. Спремете го прво филот така што ќе ги сматите со миксер јајцата со солта, по што во нив ќе додадете јогурот или киселото млеко во кое веќе сте го раствориле пецивото, измешајте и додадете го зејтинот. Повторно измешајте.
2. Плехот од шпоретот или плех во големина на корите, премачкајте го со зејтин или поставете хартија за печење. Ставете ја првата кора, ставете од филот и со четка премачкајте ја целата кора, врз оваа кора поставете ја другата кора, повторно премачкувате и се така додека се потрошат сите кори. Остатокот од филот исипете го слободно врз последната кора. Доколку саката можете да посипете и сусам или друго семе, а не мора. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени.
3. Откако е испечена озвадете ја и покријте со крпа и сочекајте малку да олади, па завиткајте ја во ролат во самата крпа. Оставете да олади кората.
4. Додека кората се лади, спремајте го филот за филување. Исецкани или изренадни морковот, сувомеснатото, корнишонот, сирењето, кашкавалот, измешајте во павлаката, додадете мајонезот и повторно измешајте.
5. Разиткајте ја кората, филувувајте со филот, повторно замотајте во ролат. Оставете ја со работ кој што се спојува надоле.
ЗАБЕЛЕШКА
- Јас ја печам основата врз хартија за печење кое нешто ми е големо олеснување при замотувањето во ролат, односно кога е печена ја покриват малку да омекне, бидејки сум ја посипала со сусам ја превртувам да горниот дел дојде одоздола и ја мотам во ролат во самата хартија и чекам да олади. Кога е добро затворена со хартијата и краевите омекнуваат.
- Ја правам ден порано за да наредниот ден се сече и на сосема тенки парчиња бидеји веке и филот се споил со кората.
- Што се однесува до филот, ова е одокото напишан фил, филувајте со секоја руска салата која ја вообичаено спремате, прекрасна е и кога се филува со ајвар, тогаш дел се намачка со ајвар, до него сирење, до сирењето павлака и замотајте. Одличен е и овој спој и прекрасно на пресек.
- За подекоративно да биди пожелно е да не се рендаат состојките туку да се сечкат, но тоа останува на вас да креирате како саката така можете да си го спремате филот.