Фигаро слатки
Состојки
- 3 пакувања ресани
- 1 пакување крем бананчиња ( 140 гр )
- 100 гр сецкани ореви
- 100 мл млеко
- 100 гр маргарин
- 150 гр црно чоколадо за глазура
Подготовка
1. Ресаните и крем бананчињата ги сецкаме.
2. Во еден сад ги ставаме ресаните, крем бананчината и оревите. Ги мешаме заедно.
3. Во сад на оган го ставаме млекото да се стопли. Го додаваме маргаринот да се стопи во млекото. Откако ќе се стопи го додаваме во садот со претходната смеса. Мешаме.
4. Смесата ја ставаме во калап. Оставаме да се здрви.
5. Врз калапот ставаме глазура.