Испечати

Мини ќофтиња

Мини ќофтиња

Состојки

  • 1/2 килограм мелено месо
  • 3 јајца
  • 100 мл. вода
  • 1 кафено мало филџанче масло за јадење
  • 1 главица кромид рендан
  • 3 - 4 лажици брашно или презла
  • 1 пециво или 1 кафено лажиче сода бикарбона
  • сол мешан зачин, црн пипер

Подготовка

Сите овие состојки се мешаат со лажица и се остава смесата да одстои половина час во фрижидер. Јас додадов за поубав вкус и малку оригано и лук во прав. Се пржат во загреан зејтин со лажица бидејќи не е толку цврста како другите ќофтиња што ги правиме дома.

Забелешка
Овие ќофтиња можете да ги направите или како мезе или пак за ручек.